Се сруши златен рудник во Чад, загинаа многу луѓе

Голем број луѓе загинаа во вторникот вечер при уривање на нелегален рудник за злато во северниот дел на Чад, област на беззаконие и илегални копачи на злато, соопшти министерот за одбрана и безбедност Махамат Абали Салах. Несреќата се случила во близина на Кури Бугуди, недалеку од либиската граница, во провинцијата Тибести во која е прогласена вонредна состојба.

„Рудникот се сруши. Не знам точно колку има загинати, но многу луѓе работат во овие рудници. Сигурно има многу загинати“ рече министерот Салах во телефонското интервју. Еден воен офицер, кој сака да остане анонимен, зборува за „триесет загинати“ и своето тврдење го заснова на изјавите на луѓето од местото на настанот. Властите испратија воена единица на местото на настанот и чекаат извештај од теренот.

Треба да знаете
Последни објави