Шведска како голем фаворит ја пречекува Македонија

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска (19 ч.) и гостува на Шведска во квалификациски меч од групата за пласман на Европско првенство во 2020 година чија завршница ќе биде во Данска и Норвешка.

Шведска е главен фаворит за освојување на првото место и пласман на завршницата. Покрај Македонија во групата ќе играат и селекциите на Чешка и Португалија.

Македонија првиот натпревар на домашен терен ќе го одигра в сабота со Чешка во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а  влезот за љубителите на ракометот ќе биде слободен.

На крајот од групната фаза првопласираните две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2020.

Треба да знаете
Последни објави