Во Норвешка се запали брод со амонијак, наредена евакуација

Руски брод со амонијак и 200 000 литри дизел бензин се запали во пристаништето во северна Норвешка, поради што властите наредија евакуација на тој дел од градот.

АП известува дека рибарскиот брод бил закотвен во пристаништето Брејвик во регионот Тромсо и дека вчера во текот на денот избувнал пожар.

Фотографиите и видеоснимките покажуваат дека бродот е покриен со густ чад.

Евакуирани се околу 100 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави