Русија подготвува мерки за САД поради спорот за визите

Москва го подготвува својот одговор на дипломатскиот скандал во кој САД одбија да им издадат визи за некои членови на руската делегација во Генералното собрание на ОН, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за Канал 1.

„Ќе има (одговор). Ќе подготвиме некои мерки. Не лишувајте не од можност да изненадиме“, рече Лавров во изјавата објавена на веб-страницата на руското МНР.

Претходно, на десет члена на руската делегација, вклучувајќи го и претседателот на Комисијата за надворешни работи во Советот на Федерацијата, Константин Косачев, не им беа издадени визи за САД и нема да можат да учествуваат на годишната сесија на ГС на ОН во Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави