Германската канцеларка Ангела Меркел му оддаде почит на поранешниот француски претседател Жак Ширак како „голем државник и Европеец”.
Нејзиниот портпарол Штефен Сијберт денеска во твит ги цитираше зборовите на канцеларката дека е „многу тажна” за смртта на 86-годишниот Ширак.
– Тој беше одличен партнер и пријател со Германците, и мој лично, рече Меркел.
Ширак беше на функција кога Меркел дојде на власт во 2005 година и беше првиот од четворицата француски претседатели со кои соработуваше.
– Жалам за големиот државник и Европеец заедно со неговото семејство и францускиот народ, рекла Меркел.