Русија заплени три рибарски брода на Северна Кореја

Руските граничари заплениле три рибарски брода на Северна Кореја и уапсиле 262 члена на екипажот во водите за кои Москва смета дека е нејзина ексклузивна економска зона.

Бродовите се наоѓаат во пристаништето Находка, а граничарите заплениле товар од 30.000 лигњи и илегална опрема за риболов, се вели во извештајот.

Тоа е втор ваков инцидент овој месец, пренесува „Ројтерс“.

Русија веќе приведе два брода на Северна Кореја на 17 септември, кои нападнаа гранична патрола во руските територијални води во Јапонското Море.

Треба да знаете
Последни објави