Мајкл Даглас и Кетрин прославуваат роденден на ист ден

Двојката Мајкл Даглас (75) и Кетрин Зета-Џонс (50) се родени на ист ден, 25 септември, а единствената работа што ги дели е разликата од 25 години меѓу нив. Тие еден на друг си го честитаа роденденот на своите профили на „Инстаграм“.

Мајкл на својот профил ја објави нивната фотографија од свадбата.

https://www.instagram.com/p/B21Y4WXh2OI/

„Среќен роденден, драга. Те сакам толку многу и одвај чекам да го прославиме овој важен ден заедно“, напиша тој.

Додека Кетрин-Зета објави краток видеоклип од спотот на песната „Мајкл Даглас“ и си го честиташе роденденот себеси, но и на нејзиниот сакан.

https://www.instagram.com/p/B21N11rHgoj/

„Среќен роденден на мене, среќен роденден на мене и на мојот сопруг Мајкл Даглас! Среќен роденден на сите“, напиша Кетрин-Зета.

Годинава двојката прославува 20 години љубов и брак. Како што вели Мајкл, тоа било љубов на прв поглед и штом ја видел, си ветил дека ќе биде татко на нејзините деца.

Треба да знаете
Последни објави