Градежник од Брвеница паднал од скеле високо 30 метри

На 26.09.2019 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(63) од село Брвеница, тетовско.

Според пријавеното, В.М., додека извршувал градежни работи за градежна фирма од Скопје, на објект на фабрика на булевар Александар Македонски, паднал од скеле од висина од околу 30 метри.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави