Холивудската двојка Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се појавија во софистицирано издание на церемонијата на доделување на наградите „Еми“.
51-годишната Кетрин го привлече вниманието во бургундска креација на Кристина Отавиано и луксузен накит од Лорејн Шварц, а 76-годишниот сопруг носеше темен костум и виолетова вратоврска.
Корисниците на Твитер и фановите на актерското дуо се огласија на социјалната мрежа за да ги споделат своите размислувања, а меѓу другото, ги прогласија за најдобар пар кој го украси црвениот тепих на „Прајметајм Еми 2021“.
Кетрин и Мајкл беа беспрекорно елегантни додека позираа пред камерите. Многу од фановите ја предвидеа бојата на фустанот што ќе го облече Кетрин на свеченоста, пренесуваат шоу-биз медиумитe.