Скопје ќе биде домаќин на еден од најпрестижните светски настани – Economist Events во организација на The Economist

На 1 октомври, Скопје ќе биде домаќин на еден од најпрестижните светски настани – Economist Events во организација на The Economist .The Economist е најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж а основан е во далечната 1843 година. Самитот во Скопје доаѓа во пресрет на се поизвесната одлука за доделување на датум за почеток на преговори за Северна Македонија и почеток на нова ера во евроинтеграциските процеси на Западен Балкан. Оваа година е клучна затоа што станува збор за уникатна ситуација со оглед на очекуваниот Брегзит, нов состав на Европската комисија и Европскиот парламент, но и трговските војни на Соединетите Американски Држави и поместувањата на глобалната геополитичка мапа. Во вакви услови југоисточните земји од Европа се обидуваат да имплементираат сериозни социјални и економски реформи со цел да се приближат до побогатите земји. Северна Македонија изминатава година даде нова надеж дека регионалните конфликти може да се решат и економијата да се придвижува напред. Во овој контекст Самитот на The Economist односно Economist Events ќе биде под насловот: „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“. Настанот е од исклучителна важност за Република Северна Македонија, бидејќи е прв ваков светски настан кој се оддржува во нашата држава и прв настан на Економист во Северна Македонија. Се очекуваат околу 450 гости и новинари да го посетат настанот во Хилтон, од кои, голем број ќе бидат странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции. Меѓу гостите и панелистите се и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, Гај Верхофштат поранешен Премиер на Белгија и актуелен Европратеник. Мартин Шулц поранешен Претседател на Европскиот парламент. Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел.

Треба да знаете
Последни објави