Биљал Касами од БЕСА во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека СЈО беше искористено само за промена на власта, без да даде конкретни резултати во искоренување на криминалот и корупцијата.
Toj вели дека случајот „Рекет“ се отвори само колку да се покаже дека нешто се работи, но откако Зоран Милевски Кичеец отиде во домашен притвор, вели дека јавноста е разочарана. Додава дека во државата уште нема правда, и важно е кој си.
Касами исто така нагласи дека Талат Џафери не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ.
– Тоа се гледа низ целото двегодишно функционирање на Собранието. Јас останувам на тоа дека за Македонија да биде држава во која сите сакаме да живееме, мора да се тргне предрасудата дали некој на некоја позиција ќе дојде само заради тоа што е Македонец или Албанец. Македонија ќе ја биде само тогаш кога граѓаните ќе се определат за една личност без разлика дали е Македонец или Албанец, туку ќе се определат според тоа кои вредности ги претставува, вредности кои заеднички ги споделуваме, а тоа се европски вредности – вели Касами.