Според резултатите од анкетата на Детектор, за 48% од анкетираните граѓани случајот „Рекет“ нема да има влијание врз нивната одлука за кого ќе гласаат. 41,4% од граѓаните, пак, изјавиле дека при одлуката кому да му ја дадат довербата на следните избори влијание ќе има токму овој случај.
Скоро половина од граѓаните, или 49,7% велат дека врз нивната одлука за кого ќе гласаат нема да влијае ниту епилогот околу датумот за старт на преговорите со Европската Унија, додека 37,2% анкетирани рекле дека напредокот на интегративниот процес ќе им влијае кога ќе одлучуваат за кого да гласаат.
Анкетата за потребите на емисијата Детектор ја спроведе Институтот за Политички истражувања Скопје во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници со маргина на грешка на примерокот од плус – минус 3%.