Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди денеска брегот на Чиле, соопшти американскиот Геолошки институт.
„Не се очекува цунами“, наведе пацифичкиот центар за предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на 134 километри западно од градот Талка, на длабочина од околу 10 километри.