Европскиот шампион Вардар ја пствари и третата победа во ЛШ од стартот на сезоната, откако во драматичен меч славеше со 30-31 против Мотор во Запорожје. Тренерот Давид Писонеро вели дека клучен сегмент била поцврстата одбрана во вториот дел, кога Вардар дозволи да прими само 12 гола, наспроти 18-те во првото полувреме.
„Заслуживме да победиме, иако не беше воопшто лесно. Не делувавме добро во првиот дел, направивме многу грешки и примивме дури 18 гола. Клучен беше приодот во одбраната во вториот дел. Бевме многу поцврсти, игравме „5-1“, го спуштивме Мотор на само 12 гола и успеавме да победиме. Срќени сме порди тоа“, изјави Писонеро на прес – конференцијата.
Тимур Дибиров беше најдобар стрелец на мечот, а призна дека Мотор бил навистина квалитетен ривал.
„Мотор одигра одлично, не беше воопшто лесно да се победи овде во Запорожје. Ние секогаш се бориме до самиот крај, овојпат тоа ни донесе и успех. Во вториот дел невме значително подобри и стигнавме до посакуваниот триумф“, изјави Дибиров.