Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го повикува Шилегов да не се крие и да одговори за најновиот скандал со бонбона бизнисот за продажба на градската куќа.
Тоа што Крадоначалникот Шилегов 5 дена молчи за новата бонбона бизнис зад која стои раскрчмувањето на новата градска куќа и имотот на скопјани е показател дека е во прашање сомнеж за корупција и криминал.
Како на филмска лента ни се случува грабеж на скопјани зад кој стојат лични лукративни интереси.
Шилегов треба да одговори дали новата градска куќа ја продава за да ја земе неколку децении старата зграда на некогашното ЕСМ?
Дали ако и ова се утврди за точно, Шилегов е подготвен да сноси политичка одговорност?
Да каже зошто ја лажеше јавноста дека нема да ја продава градската куќа и врши итна продажба?
Зошто Шилегов не објасни што вистински стои зад неговата одлука новиот купувач да го части освен со градска куќа по багателна цена, туку и со бесплатно земјиште и нула комуналии кон државата.
Дали фактот што однапред се знае кој ќе ја купи зградата и која зделка ќе ја направи Шилегов не говори дека во прашање е криминал?
Како што лажеше дека нема да ја продава новата градска куќа, сега лаже дека вистинските причини за продажбата се просторните услови. Во позадина стојат провизии, сомнежи за криминал и оштетување на граѓаните.
2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.