Силно невреме го прекина железничкиот сообраќај во северна Германија

Во некои делови на северна Германија, железничкиот сообраќај беше прекинат поради невреме и силен ветар, соопшти железничкиот оператор „Дојче бан“.

Линиите од Хамбург до Берлин, меѓу Хановер и Бремен, како и линијата од Хановер до Берлин, Бремен и Готинген, се во прекин, но не е објавено колку долго тоа ќе трае, пренесува АП.

Невремето, наводно, срушило дрво на далноводот кај Нинберг, помеѓу Хановер и Бремен.

Според најавата, силен ветар се очекува на северот и истокот на Германија и денес.

Треба да знаете
Последни објави