Сицилијански готвач уапсен со марихуана, вели дека испробувал нови вкусови

Сицилијанскиот готвач е уапсен под сомнение дека продавал дрога, откако полицијата пронашла канабис во неговиот дом, јавуваат италијанските медиуми.

Полицијата објавила дека пронашла две големи стебла марихуана и еден килограм индиски коноп во домот на Кармел Киарамонте, пренесува „Би-би-си“.

Во неговиот дом во Катанија е запленето вино со вкус на канабис, како и маслинки, кафе и туна во кои се откриени траги од марихуана.

Кармело, наводно, на службениците за спроведување на законот им рекол дека „само испробувал нови вкусови“.

Тој се опишал себеси како „консултант во областа на агро-храната во кујната на третиот милениум“, пишува италијанскиот весник „Ла Сицилија“.

Шефот Киарамонте (50) ја водел емисијата „Неморални рецепти и храна со афродизијаци“, пишува италијанскиот весник.

Тој е пуштен на слобода и го чека судењето.

Треба да знаете
Последни објави