Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за време на престојот во Минхен, шегувајќи се рече дека носи „ледерхозен“, традиционални баварски кожени панталони и заклучи дека „добро му стојат“ и дека ќе ги облекува специјално за неговата сопруга Мишел.
„Добив традиционални германски кожени панталони како подарок и ги испробав во мојата хотелска соба. Морам да ви кажам дека изгледам прилично добро во нив и мислам дека ќе ги облечам за Мишел“, рече Обама на отворањето на конференцијата Bits & Pretzels во баварски Минхен.
Тој исто така напомена дека му паднало на ум да стави лажна брада за да може да присуствува на „Октоберфест“, бидејќи му било комплицирано да присуствува на таков голем јавен настан.
„И знаете, тајната служба малку се нервира.“