Актерката Брук Шилдс (54) се пожали во интервју кај Енди Коен дека нејзините ќерки имале предлог за неа. Роуан (16) и Гиер (13) мислат дека ѝ е време за естетска корекција бидејќи годините си го прават своето.
„Девојчињата сериозно ме советуваа дека треба да направам нешто со лицето, некоја радикална корекција. Не можев да верувам кога го слушнав тоа. Па, јас сум икона, непријатно се изненадив“, не го криеше разочарувањето Шилдс.
Актерката активно вежба и се грижи за својот изглед, а во текот на целата кариера – и глумење и манекенство – има украсено бројни насловни и многумина беа фасцинирани од нејзината убавина.
https://www.instagram.com/p/BwSFbOsFwg6/?utm_source=ig_web_copy_link
Меѓу холивудските актерки одамна владее „тренд“ на подложување на естетски операции за да го одржат својот младешки изглед, а актерката призна дека не го сторила тоа затоа што, меѓу другото,многу се плаши да оди под нож.
Брук своевремено имаше густи веѓи што ја правеше препознатлива, и тоа во време кога тие не беа во мода.
„Смешно е колку луѓето се опседнати со еден дел од телото, особено со нешто банално како веѓите“, заклучи актерката.