Регионот е во жалост по смртта на Марина Туцаковиќ, која ја изгуби долгогодишната битка со тешката болест.
Таа беше една од најдобрите текстописци на овие простори, а нејзините безвременски хитови уште долго ќе се слушаат.
“ПРЕСТАНИ прв да се јавуваш и ќе видиш колку мртви цвеќиња си полевал“ – гласи нејзината
последна објава на Инстаграм.
Денес под оваа објава фановите изразуваат сочувство до семејството на Туцаковиќ. Марина на своите профили на друштвените мрежи редовно постираше цитати и пораки, а по нејзината смрт многу од нив станаа вирални.