Рускиoт суд ја промени казната од три и пол години затвор за актерот Павел Jустинов, осуден за напад врз полицаец, на условна казна од една година.
Jустинов (24) беше прогласен за виновен овој месец за напад врз полицаец за време на протестите на опозицијата во Москва во јули.
Тој се изјасни за невин, истакнувајќи дека бил на местото на настанот затоа што чекал пријател пред метро-станица, пренесува АП.
Полицијата соопшти дека тој се спротивставил на апсењето и повредил полицаец.
На снимката од местото на настанот се гледа дека на Jустинов му приоѓаат полицајци додека тој гледа на својот телефон.
Првостепениот суд одби да ја признае снимката како доказ.