Финска како претседавач членка на ЕУ планира до крајот на годината да организира Меѓународна конференција ЕУ – Србија, на која ќе бидат отворени нови поглавја во пристапните преговори, дознава „Танјуг“ од извори од Брисел. До крајот на шестмесечното претседавање на Финска со ЕУ останаа уште три месеци. Дипломатски извори од Финска напоменуваат дека планот е да се продолжи со процесот на приближување на Србија кон ЕУ.
Во моментов се шпекулира за отворање на две поглавја, дознава „Танјуг“ во Брисел.
„Во рацете на Србија и земјите членки на ЕУ е реализацијата на овој план“, напоменуваат во Брисел.
Србија на крајот на јуни годинава, за време на претседавањето на Романија го отвори деветтото поглавје во пристапните преговори со Унијата. Од вкупно 35 поглавја, Србија од почетокот на пристапните преговори во 2014 година отвори 17, од кои 2 се привремено затворени.