Арсенал како гостин вечерва го совладаа градскиот ривал Тотенхем (2:0) во ангчлискат фудбалска премиерлигашка конкуренција и се зацврстија на врвот. Овој триумф на лидерот Арсенал го навлече бесот на домашните навивачи, што резултираше со грда завршница. Голманот на „топчиите“, Арон Рамсдејл, по крајот влезе во вербална пресметка со Ришарлисон, за потоа, кога сакаше да си го земе шишенцето со вода зад голот пред кој стоеше во второто полувреме да биде удрен со клоца во грбот од навивач на Тотенхем. Англискиот чувар на мрежата не се возбуди премногу поради нападот, најверојатно среќен што неговиот тим си замина со нови три бода, драгоцени во битката за шампионската титула во Премиер лигата.
-Ударот на навивачот беше срамен, но не беше пресилен, па јас го сфатив како дел од фудбалската игра. Ме повлекоа назад за да не направам некоја глупост, но не ни сакав да влезам во конфликт со напаѓачот. Чувството е лошо, но и покрај тоа радосен и среќен заминувам во соблекувалната, изјави Рамсдејл веднаш по инцидентот.
Lifetime ban imminent for Spurs fan who kicks Aaron Ramsdale. Stupidity of the highest order. Not great from Richarlison either. pic.twitter.com/gHf8H9nUif
— Ryan Taylor (@RyanTaylorSport) January 15, 2023
Арсенал со оваа победа се зацементира на врвот од табелата со дури осум бодови повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.