Удар од гром беше фатален за американскиот маратонец Томас Стенли пред самиот крај на трката во американската сојузна држава Мисури. Несреќата се случила за време на маратонот „Флетрок“ на 50 километри во Елк Парк.
Организаторите на маратонот потврдиле дека 33-годишниот Стенли починал како последица од ударот на гром. Голем број од маратонците кои учествувале во трката се обиделе да го реанимираат Стенли но не им успеало да го спасат.
Директорката на трката Каролин Робинсон медалот наменет за победникот и го врачила на неговата сопруга.