Иранскиот суд осуди едно лице на смртна казна поради шпионажа за САД, додека други шест беа осудени на десет години затвор.
Две лица се осудени на затворска казна поради шпионирање за САД, додека четворица добија иста казна бидејќи се прогласени за британски шпиони, пренесува „Ројтерс“.
„Едно лице беше осудено на смрт поради шпионажа за САД … но на пресудата беше поднесена жалба“, рече портпаролот на судот.
Тој потврди дека другите обвинети се осудени на десет години затвор.