Бодовите главен предизвик за Вардар на гостувањето кај Татран Прешов

Европскиот, регионалниот и македонски ракометен првак Вардар по триумфот против  Мотор во Запорожје во меч од Лигата на шампионите, не се враќа во Скопје. Патешествието го продолжи од Украине во Словачка, каде вчерва (20.45 ч.) има обврска во регионалната СЕХА-лига со домашниот тим Татран Прешов.

Вардар по три одиграни кола во СЕХА лигата има две победи и еден пораз и се наоѓа на делба на втората позиција токму со вечерашниот ривал Татран. Новиот тренер на „црвено-црните“ шпанскиот стратег Давид Писонеро е свесен за заморот кој е присутен кај неговите избраници, но победа им останува главна преокупација.

-Имавме малку време за подготовка за овој натпревар. Уморни сме од долгите патувања и згуснатиот распоред со одигрување натпревари, но тоа не ни дава за право да влезме опуштени. Напротив и на овој како и сите други натпревари ќе играме на победа, без разлика кој и колку минути ќе добие да игра – вели Писонеро.

Треба да знаете
Последни објави