Најновата малцинска копродукција на Скопје Филм Студио, долгометражниот игран филм „Глас“ во режија на Огњен Свиличиќ, влезе во програмата на еден од најзначајните азиски фестивали – Интернационалнот Филмски Фестивал во Бусан (Busan International Film Festival-BIFF).
Основан e 1996 година и ги презентира новите трендови од азиската кинематографија, со фокус на новите филмски остварувања и режисери дебитанти, особено од азиските земји, но и од целиот свет. Фестивалот има десетина различни програмски секции, а Азискиот филмски маркет кој се одржува во склоп на фестивалот, е еден од најголемите филмски маркети на источната хемисвера. ИФФБ е единствениот фестивал на територијата на Јужна Кореја впишан на листата на FIAPF Меѓународната федерацијата на асоцијации на филмски продуценти. Фестивалот се одржува по 24-ти пат годинава, и тоа во периодот од 3-ти до 12-ти октомври.
„Глас“ ќе ја доживее својата Светска премиера во рамките на програмата World Cinema, која е значајна затоа што ги прикажува новите филмски остварувања на режисерите кои со своите дела помаагаат да се разберат последните трендови во светската кинематографија. Програмата е посветена на нови неазиски наслови на реномирани режисери, како и филмски хитови од штотуку завршените светски фестивали.
„’Глас’ е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.’’
Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак а ко-продуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.
Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.
„Глас“ е копродукција помеѓу Максима филм од Хрватска, Скопје Филм Студио и Биберче продукција од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ како и Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радиотелевизија и Филмскиот центар на Србија.