Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата Влада е подготвена на крајот да понуди цврст предлог за нов договор за излез од Европската Унија.
Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на последниот ден од овој месец, а меѓу лидерите во Унијата расте нетрпението, бидејќи Обединетото Кралство не го предало деталниот план за оставање отворени граници меѓу Северна Ирска и Ирска, што е главна точка на договорот.
Планот на Велика Британија ќе биде испратен во Брисел по звршувањето на конференцијата на владејачката Конзервативна партија во Манчестер, а Џонсон најави дека деталите ќе бидaт познати многу брзо. Тој истакна дека Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ, како што е планирано на 31 октомври, со или без договор.
„Нема смисла брегзит, ако останете „заклучени“ во царинската унија и во единствен пазар без права на став – „НЕ“, рекол Џонсон за Би-би-си.
Тој не објаснил што предложила Британија како алтернатива.