Американската актерка Гвинет Палтроу (47) со својот сопруг, сценаристот Бред Фалчук (48) ја прослави својата прва годишнина од бракот, за која се пофали на социјалните мрежи, пренесува „Метро“.
Палтроу и Фалчук се венчаа пред една година, а својата годишнина ја прославија на излет на плажа.
https://www.instagram.com/p/B3Awk8FFToS/
„Првата година заврши“, напиша кратко актерката во описот на фотографијата што ја објави на „Инстаграм“, ставајќи емотикон срце. Фотографијата доби повеќе од 200.000 допаѓања, а нејзините следбеници и обожаватели ѝ упатија бројни честитки.