Грчката полиција во соработка со крајбрежната стража пресретна меѓународна мрежа од криумчари на наркотици во Егејското море и притоа заплени повеќе тони канабис.
Осумничените се обиделе со глисери да ја пренесат дрогата во Турција, кога ги пресретнале грчките власти, пренесе новинската агенција „АНА“.
Во операцијата, уапсени се тројца државјани на Албанија, а четвртиот осомничен е фатен на островот Ангистри.
Полицијата заплени 1.172 килограми канабис, но осомничените успеале да фрлат во морето голема количина на хероин која уште не е пронајдена.