Македонскиот селектор Кире Лазаров смета дека треба да се променат многу работи за машката ракометна репрезентација да го покаже својот потенцијал и да почне да победува. Лазаров е разочаран од второто бледо издание на своите избраници и новиот убелдив пораз со десет голови разлика од Холандија.
По средбата, Лазаров напомена дека „црвено-жолтите“ на Мундијалот дошле да победат еднаш и зацртаната цел сеуште можата да ја остварата во вторник во последниот меч од групата со Аргентина.
-Холандија заслужено победи. Дојдовме да победиме еднаш, имаме уште една можност за тоа, но јас не сум задоволен од овие два меча. За првпат дојдовме со млада сеелкција, без ѕвезди бидејќи ја менуваме генерацијата. Сега ќе направиме сѐ за да се мобилизираме и да се обидеме да победиме со Аргентина. Треба многу да се разговара со играчите. Видовме денеска до каде сме. Тоа е ситуацијата. Сега да се одмориме и да се обидеме преку Аргентина да одиме во втората фаза. Дојдовме да учиме. Денеска научивме многу. Холандија е подобра, но не за десет гола. Треба да играме колективна игра, а не како вечерва. Ни се случи истото со Норвешка. Не покажавме карактер во двата меча. Треба да смениме многу за да бидеме подобри. Младите играчи се добри, но се првпат без искусни играчи покрај нив, изјави Лазаров.