Освојувачот на три Гренд слем титули, Стан Вавринка нема да игра на „Мастерс” турнирот во Шангај.
Триесет и четири годишниот Швајцарец во моментов не се чувствува подготвен да игра, но се надева дека ќе се врати на турнејата подоцна овој месец во Антверп.
На стартот на „Мастерс” турнирот следната недела во Шангај, местото на Вавринка во главната шема ќе го заземе Србинот Миомир Кецмановиќ, а прва резерва е веќе Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас.