Владејачката романска Социјалистичка партија ја предложи заменик-министерката за надворешни работи Меланија Габриела Циот и Дан Ник за функцијата европски комесар за сообраќај, откако Европскиот парламент претходно ја одби кандидатурата на Рована Плумб.
Романската телевизија „Диги 24“ наведува дека владејачката партија сега нуди двајца кандидати, откако дипломатски извори рекоа дека Брисел сака назначување на маж и на жена на
функцијата комесар за сообраќај.
Првиот избор на романската премиерка Вјорика Данчила за еврокомесар беше Рована Плумб, но таа не беше прифатена поради судир на интереси и од истата причина беше одбиен и
кандидатот на Унгарија, Ласло Трочањи, за функцијата еврокомесар за добрососедство и проширување.