ВМРО-ДПМНЕ: Парите на граѓаните завршуваат во џебовите на Заев и врхушката на СДСМ

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.

„Парите на граѓаните завршуваат во џебовите на Заев и врхушката на СДСМ.

За овие три години СДСМ ја ограби државата и граѓаните ги доведе до питачки стап.

Популистичките мерки како „Мој ДДВ“ се само уште еден начин и манипулација со кој СДСМ преку превезот „ги враќаме парите кај граѓаните“ дополнително се богати.

Поради криминалите на Владата на Заев над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте.

Заев и СДСМ покажаа дека единствено се грижат за себе и немаат намера да донесат подобра економија за граѓаните на Република Македонија.

Неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа криминална власт си замине и започне обнова на Македонија.“

Треба да знаете
Последни објави