Барселона и Интер на поправен во ЛШ

Денеска со преостанатите осум натпревари од Е до Х групите ќе се комплетира 2. коло во фудбалската Лига на шампионите. Дуелот на „Камп Ноу“ меѓу шпанскиот првак Барселона и италјанскиот лидер во Серија А, Интер е најпривлечната пресметка за љубителите на фудбалот.  Барселона не блеска на стартот од сезоната, а Интер е лидер во Италија. Двете екипи имаа половичен старт во Лигата на шампионите, Барса ремизираше без постигна гол на гостувањето во Дортмунд, а Интер пред своите гледачи се спасуваше од пораз со Славија Прага (1:1). Вечерашната нивна меѓусебна пресметка ќе им биде шанса за поправен во елитното натпреварување.

Дуелот на Барселона и Интер треба да понуди најмногу неизвесност. Овие екипи и во минатосезонското натпреварување играа во иста група. Барса победи дома со 2:0, а во Милано беше 1:1. Шпанскиот гигант од почетокот на сезоната го нема во тимот лидерот и капитен Лионел Меси поради повреда. Тој го пропушти и саботниот натпревар со Хетафе од шпанската Примера. Во 1. коло на ЛШ против Борусија влезе од клупата за резерви, а од неодамна повторно е надвор од стројот поради повреда. Тренерот на Барселона Ернесто Валверде изјави дека Меси не е сериозно повреде, но не е сигурен кога ќе биде спремен да заигра максимално подготвен. Новиот стартег на Интер, Антонио Конте нема кадровски проблеми, меѓутоа, „нероаѕурите“ имаат лоша статистика кога станува збор за мечевите на евросцената, каде во последните 12 гостувања славеле само двапати.

Актуелниот европски првак Ливерпул по стартниот пораз од Неапол (0:2), пред своите гледачи го има за ривал разиграниот Ред Бул кој во првата рунда беше најефикасен тим со постигнати половина дузина голови против Генк (6:2). Избраниците на тренерот Јирген Клоп мораат да внимаваат на ефикасната игра на вечерашниот ривал, за да не бидат повторно изненадени.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Е група: Генек – Наполи (18.55 ч.), Ливерпул – Ред Бул (21ч.)

Ф група: Барселона – Интер (21 ч.), Славија Прага – Борусија Дортмунд (18. 55 ч.)

Г група: Зенит – Бенфика (21 ч.), Лајпциг – Лион (21 ч.)

Х група: Валенсија – Ајакс (21 ч.), ЛОСЦ – Челзи ( 21 ч.)

Треба да знаете
Последни објави