Вчерашните протести во Хонг Конг најжестоките досега, уапсени повеќе од 180 лица

Властите во Хонг Конг се обидуваат да воведат ред по вчерашните најжестоки судири во речиси четиримесечните антивладини немири, во кои полицијата пукаше во тинејџер демонстрант и уапси повеќе од 180 лица.

Во вчерашните немири се повредени повеќе од сто луѓе, соопштија болнички извори.

Меѓу повредените е и 18-годишен ученик кој бил застрелан во градите со вистински куршум. Неговата состојба е стабилна.

Вчерашните протести, на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина, имаа за цел да придонесат во борбата на активистите за поголема демократија на меѓународната сцена и да ги посрамотат политичките лидери во Пекинг.

Треба да знаете
Последни објави