Општината го спасува кошаркарскиот тим на Охрид ?

Откако беше најавено распаѓање на кошаркарскиот прволигаш АВ Охрид поради откажувањето на спонзорот, во „балканскиот бисер“ наголемо се зборува дека општината ќе биде спасителот на клубот. Неофицијално претставници на Советот на Охрид веќе почнале разговори за преземање под општинаска капа на клубот со исполнување на финасиските обврски за истиот стручен штаб и играчки кадар.

За оваа иницијатива за спасување на клубот веќе се запознати играчите и стручниот штаб кои го очекуваат час поскоро конечното решение. Оптишната Охрид за преземените чекори околу спасувањето на клубот од згаснување веќе ја информирала и Кошаркарската федерација на Македонија, кој пак имала разбирање за новонастанатата ситуација в очи на стартот на новиот шампионат. Ако мисијата заврши со договор со среќен крај, охриѓани ќе добијат дополнителен рок да ги завршат и правно-административните активности за да може клубот да продолжи во прволигашката конкуренција.

 

 

Треба да знаете
Последни објави