Руски граничари пукале врз севернокорејски рибокрадци

Руските граничари пукале денес на севернокорејски чамец во Јапонското Море и повредиле пет рибокрадци, соопшти Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

На чамецот имало 21 лице, на кои било пукано затоа што не се придржувале на барањето на граничната полиција да застанат, потоа повредените биле медицински згрижени, јави ТАСС.

Чамецот бил запленет, а на еден од моторите избувнал пожар кој бил брзо изгаснат.

Треба да знаете
Последни објави