„Kромобот“, компанија со седиште во градот Перм, тврди дека роботот наречен Андроид Робо-Ц може да ги замени луѓето во канцелариите, па дури и во домот.

Овој робот може да одговори на прашања во трговски центри и музеи, да биде администратор, да прима посетители па дури и да комуницира со нив.

Сепак, не може да работи подолго од човекот, бидејќи неговата батерија трае осум часа и ќе треба повторно да се наполни после тоа.
Компанијата планира да прави 10 вакви модели месечно, тие може да се нарачаат, но сè уште не се знае која е нивната цена.



