Адеми – Заниер: Унапредување на мултикултурализмот и интеграцијата во образованието

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше работна средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Ламберто Заниер, на која разговарале за активностите кои МОН ги презема за унапредување на мултикултирализмот, интеркултурализмот и интеграција и соработка на учениците од различни етнички заедници.

МОН соопшти дека министерот Адеми изјавил дека унапредувањето на сличностите и прифаќање на различностите, интеркултурност и мултикултурализам се меѓу основните начела и во новиот Закон за основно образование за што, како што рекол, добиле силна поддршка и од високиот комесар на ОБСЕ.

– Министерот изрази голема благодарност до Заниер за големата поддршка која нашата земја ја добива од ОБСЕ. Соговорниците разговараа и за досегашните проекти кои се спроведуваат заеднички од двете страни, нивната реализација и бенефитите од нив, како и за продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка во образованието, мултикултурализмот и интеграцијата на учениците од различните етнички заедници, информира МОН.

Треба да знаете
Последни објави