Тинејџерот во кого пукаше полицијата во Хонг Конг ќе биде обвинет за напад

Средношколецот демонстрант во кого пред два дена пукаше полицаец во Хонг Конг, ќе биде обвинет за напад. Во 18-годишникот беше пукано во вторникот, кој беше најнасилен ден во досегашните протести во Хонг Конг. Според информациите од локалните власти, момчето е стабилно по операцијата.

Полицијата соопшти дека тинејџерот ќе биде обвинет за два напади врз полицијата. Тврдат дека нападнал еден полицаец со метална шипка, по што било пукано во него поради нужна самоодбрана.

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Хонг Конг за да изразат незадоволство поради повредениот средношколец.

Во поранешната британска колонија со месеци траат протестите, кои почнаа како револт поради, сега повлечениот, предлог закон со кој поради судење би се екстрадирале луѓе во Кина. Протестите потоа прераснаа во повик за поголема демократија.

Треба да знаете
Последни објави