Повремениот македонски фудбалски репрезентативец и капитен на босанскиот прволигаш Сараево, Крсте Велкоски е разочаран од она што се случувало на гостувањето кај Широки каде неговиот тим загуби со 3-2 во рамките на осминафиналето во Купот. Овој натпревар го одбележаа инцидентни сцени на трибините и на теренот. Натпреаврот беше во прекин, но сепак некако е приведен до крајот.
По ваквите неспортски ситуации капитенот на Сараево Велкоски предупредува во изјава за босанските медиуми дека гостувањето кај Широки е опасно по живот !? Тој смета дека Широки до победата стасал со помош на судиите.
-Турбуленте натпреавр. Не заслуживме пораз на ваков начин. Домаќинот имаше помош од судиите. Ова беше катострофален натпревар од судиски аспект. Мислам дека треба да се стави крај на сето ова. Секогаш кога ќе гостуваме тука се игра на „нож“, а никој тоа не го санкционира. Мора да има казни за ваквите испади. Публиката фрла предмети на теренот. Треба ли некој да ја загуби главата за да се освестиме. Никој ништо не превзема. Ова е срамно. Одигравме добро, имавме шанси, но за жал изгубивме – изјавил Велкоски.