Данската тенисерка Каролине Вознијацки ќе игра во четвртфиналето на ВТА турнирот во Пекинг, откако утринава ја совлада Катерина Сињакова од Чешка со 2-0, по сетови (7:5 и 6:4). Мечот траеше еден час и 37 минути.
Следна ривалка на Вознијацки ќе биде победничката од руската пресметка меѓу Екатерина Александрова и Дарија Касаткина.
Познати се првите две двојки за четвртфиналната фаза: Ешли Барти – Петра Квитова и
Елина Свитолина – Кики Бертенс.
Награден фонд на турнирот во кинеската престолнина изнесува 7,4 милиони долари.