Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ќе се сретне со неговиот американски колега Џозеф Бајден на 10 февруари во Вашингтон, соопшти денеска бразилското претседателство.
Откако ја презема функцијата на 1 јануари, левичарскиот бразилски претседател ја соопшти својата желба повторно да се поврзе со многу земји со кои неговиот екстремно десничарски претходник Жаир Болсонаро имаше затегнати односи, особено со САД.
Да Силва ќе од 9 до 11 февруари ќе престојува во посета на САД.