Skopje Run 10K е трка која ќе се одржи трета година по ред и која на сите тркачи и рекреативци им овозможува уште едно поглавје во годината каде што можат да спортуваат и да се натпреваруваат. Во нејзин склоп се трката од 10км и штафетната трка од 5км х 2 кои ќе започнат во 09.00 часот во недела, 06.10.2019, од пред фонтана Лотус во Градски парк во Скопје.
Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички кои велат дека се целосно подготвени за одличната атмосфера која ѝ претстои на Скопје. Подигнувањето на стартните пакети е на 4 и 5 октомври во кугланата во Спортскиот центар “Борис Трајковски”. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да се приложи документ за идентификација при подигање на стартниот пакет.
Сите кои што сакаат да помогнат и во акцијата #ЗасадиВоздух може да купат dry-fit маица за времето на подигнување на пакетите и од неа да донираат 100 денари за засадување на дрвја во Скопје. Акција е организирана заедно со Град Скопје.
Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт на РСМ и Град Скопје, а ко-организатор е МВР на РСМ.