Зебра избега од циркус, ја застрелале на автопат оти предизвикала сообраќајка

Зебра што избега од циркус во Германија е застрелана на автопат откако предизвикала сообраќајни незгоди и материјална штета, потврди полицијата во средата.

Два зебри избегале од циркусот во близина на северо-источниот град Тесин во средата наутро. Едната била безбедно фатена, но другата побегнала и по неа се трагало неколку часа. Таа била забележана на автопат околу 8 часот изутрината, предизвикувајќи сообраќајна незгода меѓу два автомобили што се движеле еден до друг.

Никој – вклучувајќи ја и зебрата – не бил повреден во несреќата, но автопатот бил привремено затворен, соопшти полицијата. Бегството на зебрата ја кренало полицијата на нозе.

Полицијата твитна предупредување до возачите дека има зебра на автопатот и да внимаат при возењето.

Тие се обиделе да ја фатат зебрата, но таа почнала да бега при што оштетила едно возило, откако се качила на хаубата. Оштето било и патролно возило на полицијата, а еден полицаец е полесно повреден.

Зебрата била бркана до околната ледина, бил повикан и нејзиниот тренер од зоолошката градина за да ја фати, но безуспешно. На крај била повикана Единицата за итни случаи за спасување на животниа, по што зебрата била застрелана.

Неколкумина го коментираа твитот на полицијата, прашувајќи зошто зебрата не била успиена наместо да биде убиена.

„Точните околности за пукањето сè уште се испитуваат“, се вели во соопштението за полицијата.

Треба да знаете
Последни објави