Величенствено шоу во чест на Ганди на „Бурџ Калифа“ во Дубаи

Највисокиот облакодер во светот се покажа во целата своја величенственост по повод 150-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди со волшебно аудио-визуелно шоу во средата, пренесува „Спутник“.

Видео од облакодерот „Бурџ Калифа“ во Дубаи,, осветлен со живописни бои и слики на Махатма Ганди заедно со националното знаме на Индија, користејќи врвна проекција и ласерска технологија, ја воодушеви јавноста.

Облакодерот ја одбележа 150-годишнината од раѓањето на Ганди, познат како „татко на нацијата“ во Индија. Неговиот роденден беше прославен низ целиот свет за да го одбележи неговото наследство – Движењето за независност на земјата преку ненасилни средства.

Настани беа организирани и во многу други делови на светот, вклучувајќи ги Маурициус, Саудиска Арабија, Либан, Мјанмар, Швајцарија и Индија.

Треба да знаете
Последни објави