Дејан Кулушевски (19 г.), фудбалер од Шведска со македонско потекло не ја прифатил понудата да го облече „црвено-жолтиот“ дрес. Играчот од средниот ред има забележителни настапи на стартот од сезоната за Парма, што било повод македонскиот селектор Игор Ангеловски да направи нов обид да го ангажира во државниот тим.
-Имавме состанок пред три години во Охрид, тогаш му понудив да заигра за Македонија, но одговорот беше дека сака да игра за Шведска. Пред еден месец повторно разговоравме, му кажав дека сакам да го повикам во репрезенатцијата, но неговиот избор останува Шведска. Сакам да и соопштам на јавноста дека тоа е вистината за Кулушевски – обелодени селекторот Ангеловски.
Кулушевски има настапи за Македонија во младинските категории, но подоцна одлучи да настапува за Шведска. За сениорската селекција на Шведска се уште нема настап, поради тоа селекторот Ангеловски уште еднаш се обидел да го ангажира, но играчот бил дециден дека не сака да игра за македонската репрезентација.



