Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на Велика Британија и присуствува на Годишната конференција на Конзервативната партија. Ѓорчев оствари повеќе билатерални средби. Тој се сретна и оствари разговор со Мартин Викерс, пратеник во британскиот парламент и шеф на парламентарнатаа група за соработка со Македонија, кој најави и своја посета на Македонија во наредниот период. Ѓорчев се сретна со делегацијата на германската ЦДУ и фондацијата Конрад Аденауер (КАС) предводена од меѓународниот секретар Бертил Венгер и Детлеф Зајф, пратеник во германскиот Бундестаг, како и Феликс Дане, директор на фондацијата Конрад Аденауер (КАС) за Велика Британија. Ѓорчев оствари средба Јан Ерик Сурочак, директор за трансатлантска соработка на ИРИ од Вашингтон. На средбата стана збор за добрата соработка помеѓу ИРИ и Републиканската партија со ВМРО-ДПМНЕ, како и вкупните односи на Македонија и САД како земји пријатели и сојузници. Претходно Ѓорчев се сретна со Алек Шелбрук, пратеник од редовите на Конзервативната партија и со Д-р. Џон Хејвард, директор на форумот за политики на Конзервативната партија.
„Ги информирав соговорниците за состојбите во Македонија, како и за очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори. За нас е важно да бидеме на важните места за меѓународната политика. Токму затоа се важни добрите и пријателски односи со нашите сојузници од САД, ЕУ, Велика Британија и Германија, како и средбите кои што ги имав со делегациите од овие земји”.