Под мотото „На прав пат“, СДСМ започнува нова кампања. Кампањата на владејачката партија почнува од сабота со трибина од Штип. Планирани се 10 поголеми трибини и 14 помали низ целата држава, а од 20 октомври партиски тимови ќе одат од „врата на врата“ со цел на граѓаните да им се објасни што е сработено од планираноточие лого ќе биде со црвено бела боја, односно во боите на Партијата на европски социјалисти. Генералниот секретар Љупчо Николовски на брифингот со новинарите најави дека се активира партискиот центар за аналитика, како и дека ќе се засили системот на контрола на одговорноста на партиските функционери. Над 1000 надворешни лица преку анкети ќе вршат и евалуација на сработеното од градоначалниците. После 20-ти октомври планиран е проект „врата на врата“, кој ќе го спроведуваат локалните ограноци.
Црвено-бела боја ќе биде новата боја со која владејачката СДСМ се ребрендира денеска.
Двете кампањи се во функција на исполнување на ветувањата на централно и на локално ниво, но и подготовка на новата изборна кампања, велат од партијата. Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, изјави денеска дека не станува збор за предизборна кампања туку за тековни активности на партијата.
-СДСМ е подготвена секое време за избори, ова не е изборна кампања туку темпо на работа на партијата кое се поклопува со активностите кои ги преземаме. Се работи за редовни тековни активности на одговорна политичка партија – рече Николовски.
Тој додаде дека за СДСМ најдобар датум за избори е октомври 2020 година, но не ја исклучува можноста за предвремени.